Полска врати од Велика Британија повеќе од 100 тони златни резерви во вредност од околу 18,3 милијарди злоти (4,7 милијарди долари), објави гувернерот на централната банка, Адам Глапински.
Златото е вратено од трезорот на британската централна банка (BoE), каде Полска по Втората светска војна ги зачува повеќето златни резерви.
Враќањето е организирано во осум пратки од по илјада лоста. Златото пристигна на аеродромите во Варшава и Познањ и потоа се транспортираше до трезорите на централната банка.
Полската централна банка во моментов има резерви од 228,6 тони злато, од кои во нејзините трезори има сочувано 105 тони.
Во 2018 и 2019 година, резервите според соопштението на централната банка се зголемени за 125,7 тони.