26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузин би можел да стане најбогатиот човек во светот

Французин би можел да стане најбогатиот човек во светот

Бернард Арно, сопственик на компанијата LVMH, сега има богатство од над 106 милијарди долари, според сегашната состојба на листата на магазинот Forbes.

Тој во моментов е трет најбогат човек во светот, но би можел да стане прв, благодарение на преземањето на американскиот гигант за накит Tiffany.

Арно се приближи на чекор од основачот на Microsoft, Бил Гејтс и Amazon, Џеф Безос, кои се тешки 107, односно 110 милијарди долари.

CNN Business пишува дека Арно може лесно да ги престигне двајцата и да стане најбогата личност на светот.

Неговото богатство скокна повеќе од еден процент откако LVMH постигна договор за купување на Tiffany за повеќе од 16 милијарди долари.

Арно и неговото семејство поседуваат 47 проценти од LVMH, кој вклучува брендови како Louis Vuitton и Dior.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП