27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМаск објасни зошто пукна непробојното стакло на Cubertruck

Маск објасни зошто пукна непробојното стакло на Cubertruck

Директорот на компанијата Tesla, Елон Маск, објасни зошто за време на претставувањето на електричниот пикап Cubertruck минатата недела пукна, наводно непробојното стакло на возилото, по што акциите на компанијата ја изгубија вредностa, а тој остана без 770 милиони долари.

Маск тврди дека клучен момент бил, кога ударот на големиот чекан тестиран за отпор на вратата направена од специјална мешавина од различни метали, ја „срушил“ структурата на стаклото и се компромитирала неговата јачина.

Тоа резултирало со пукање на стаклото, кога дизајнерот Франк вон Холхаузен удри со металната топка.

“Да, ударот со чекан во вратата ја напукна основата на стаклото, што предизвика металната топка да не отскокне. Требаше прво да го погодиме прозорецот а потоа да го направиме делот со чеканот и вратата”, напиша Маск на Твитер.

Тој сподели и видео од пробата од тестирањето, каде топката совршено отскокнува од прозорецот кој останува непроменет.

По инцидентот, акциите на Tesla паднаа за шест проценти на пазарот, но нивната вредност денес повторно скокна за четири проценти, откако Маск порача дека компанијата веќе добила 200.000 нарачки за својот футуристички пикап Cubertruck.

Маск има 48 години и во моментов е на 41-то место на листата на најбогати луѓе во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП