28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIKEA најголем „потрошувач“ на дрво во светот

IKEA најголем „потрошувач“ на дрво во светот

S

Шведскиот конгломерат „IKEA“ годишно употребува еден процент од светското производство на дрво, со цел да произведе мебел за снабдување на околу 300 продавници во целиот свет.

Компанијата има одржлив план за целото дрво кое го употребува.

Речиси една четвртина од дрвјата кои се користат во продавниците за мебел ги исполнуваат стандардите на „Forest Stewardship“, а целта е половината од дрвата во светот да ги достигнат овие стандарди до 2017 година.

„IKEA“ не прифаќа дрво кое е нелегално сечено и ги поддржува дополнителните 13 проекти на „World Wildlife Federation“, со цел дрвата во иднина да пристигнуваат од сертифицирани шуми.

Дрвото во мебелот на „IKEA“ всушност е иверица, а сите користени иверици доаѓаат од „Hultsfred“, фабрика на југот на Шведска, која произведува алтернативни примероци на полно дрво. Секој ден низ погонот во фабриките поминуваат 115,000 кубни метри отпадна дрвена прашина, од која подоцна се изработува иверицата.

Дури 16.000 лица работат на 50 различни локации во 10 земји, со цел да се произведат 100 милиони делови од мебелот, колку што „IKEA“ продава секоја година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП