3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoodys: Ризикот од рецесија се зголеми во Европа

Moodys: Ризикот од рецесија се зголеми во Европа

Глобалната економија и во следните години ќе остане кревка, бидејќи ризиците за кредитната активност на банките се влошуваат, пренесува меѓународната агенција за рангирање Moodys, додавајќи дека светот оваа година е сведок на најмал економски раст од рецесијата во 2009 година.

Иако Moodys не предвидува рецесија во 2020 година, предупредува дека ризиците од рецесија се „зголемени“ од неизвесноста во трговската политика, пренесува RT.

„Ризикот од рецесија ќе остане зголемен во Европа и САД, додека напорите за враќање на рамнотежата во Кина и понатаму ќе бидат предизвик за зачувување на брзиот економски раст на земјата“, порачуваат од Moodys.

Агенцијата примети и дека ризиците ќе произлезат од американско-кинескиот трговскиот конфликт, неизвесноста околу Брегзит и ескалацијата на други билатерални спорови.

Во Moodys исто така очекуваат каматните стапки да останат ниски, додека кривите на приноси ќе стагнираат во текот на следните неколку години.

Ниските каматни стапки ќе направат трошоците за позајмување да останат попривлечни за владите и компаниите, но банките и осигурителните компании ќе го отежнат работењето, според агенцијата за кредитен рејтинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП