1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно со утринска магла

Променливо облачно со утринска магла

Времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за утринска магла, а на крајниот југ со слаб локален дожд. Во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до 12, а дневната девет до 16 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со услови за утринска магла. Во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во среда стабилно со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Потоа од четврток до сабота ќе има локални врнежи од дожд, позастапени во западните делови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП