7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДва силни земјотреси, епицентарот во Албанија

Два силни земјотреси, епицентарот во Албанија

Два земјотреса со магнитуди од 6,4 и 5,3 степени според Рихтеровата скала се почувствувани рано изутринава во 03:54 и во 04:03 часот во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Грција..

Според Европскиот медитетарнски сезимолошки центар, епицентарот на земјотресите бил во близина на албанскиот град Драч на длабочина од 10 километри.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија утринава регистрираше серија на земјотреси, чии епицентри потекнуваат од соседна  Албанија, од подрачјето на Драч на растојание 170 километро југозападно од Скопје.

Освен кај нас, земјотресот бил почувствуван и во Србија, Црна Гора, Италија, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП