1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа отварањето на "Турски тек" доаѓа и Путин

На отварањето на “Турски тек” доаѓа и Путин

Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на јануари 2020 година би можел да ја посети Турција, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„За време на еден од последните телефонски разговори, Путин и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се согласија дека во првата половина на јануари 2020 година во Турција ќе биде завршен копнениот дел од гасоводот „Турски тек “, а се зборуваше за посета на Путин во Турција. Таа посета се подготвува”, изјави Песков”.

Тој не го прецизираше точниот датум на посетата.

Газпром на 19 ноември објави дека ги завршува последните подготовки пред пуштањето на гасоводот „Турски тек“, кој би требало да се заврши до крајот на 2019 година.

Во моментов двата крака се полни со гас. Компресорската станица „Руска“ и крајбрежниот дел во Русија се подготвени да започнат со работа. Во исто време, завршуваат работите на приемниот терминал во Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП