4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнгеловска: За 28% инвестираме повеќе во образование споредбено со 2016 година

Ангеловска: За 28% инвестираме повеќе во образование споредбено со 2016 година

За 28% повеќе се предвидени средства за инвестиции во образованието во Предлог-буџетот за 2020 година, споредбено со завршната сметка од 2016 година, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на комисиската расправа за Буџетот во Собрание.

-Според завршната сметка за 2016 година, буџетот за образование бил 22 милијарди денари, сега е 28,3 милијарди денари. Тоа е за 28 проценти раст на инвестициите во делот на образованието. Во договорни услуги треба да имате предвид дека влегуваат и учебниците. Во 2016 година 118,9 милијарди денари бил буџетот за основните три столбови за градење на човечкиот капитал – образование, социјална заштита, здравство. Во 2020 – 154,6 милијарди денари. Се гледа колку повеќе се инвестира во трите основни столбови на човечкиот капитал. Сметам дека луѓето се приоритет, дека луѓето се клучни, дека луѓето ги прават државите и дека ние сите заедно во оваа просторија и сите граѓани во оваа земја и сите работници, ќе кажат каква ќе биде нашата економија. И тоа ќе зависи од нивната напорна работа, од нивната мотивација, од нивните знаења, од нивното образование. И затоа велиме најважен капитал е човечкиот капитал и таму ги алоцираме средствата – рече Ангеловска.

Со буџетот за 2020 година предвидено е покачување на платите на просветните работници. Како што кажа, кадрите се најважен ресурс во образованието и треба најдобрите да се задржат во јавниот сектор. Во буџетот предвидени се и средства наменети за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на ученички и студентски домови, опремување и реконструкција на универзитетите и инвестиции во спортска инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП