26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД од Кина бараат да се посвети на казнување за кражби на...

САД од Кина бараат да се посвети на казнување за кражби на интелектуална сопственост

Кина ќе ги заостри казните за оние кои го кршат правото на интелектуална сопственост, бидејќи ова е една од темите кои ги отежнуваат преговорите помеѓу неа и САД.

САД од Кина бара да се посвети на казнување на кражби на интелектуална сопственост и да престане да бара американските компании да откриваат трговски тајни за да работат во Кина.

Според зборовите на кинеските власти, целта е да се намали кражбата на интелектуална сопственост до 2022 година, но и да им се овозможи на оштетените полесно да добијат компензација.

Овие две земји во моментов се во трговски преговори и ги оставаат контроверзните теми за подоцна, пишува Bloomberg. „Зајакнувањето на заштитата на интелектуалната сопственост е најголемата шанса Кина да ја зголеми својата економска конкурентност“, соопштија од кинескиот преговарачки тим.

Во мај оваа година, кинеската компанија Huawei е означена како закана за американската национална безбедност, па соодветно на тоа, Американците воведоа санкции кои се однесуваат на овој гигант во производството на дигитална опрема.

Минатата недела кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека неговата земја сака да работи на тоа првата фаза на преговори со САД да заврши, а еднаквоста е еден од принципите кои ќе бидат водени за време на преговорите.

Неколку часа подоцна, Трамп изјави дека не го дели таквото мислење. „Ова не може да биде рамноправен договор, затоа што ние започнуваме од доле на земја, а вие веќе сте на таванот. Ние ќе мора да пројдеме многу подобро“, изјави Трамп во петокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП