29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz SLS AMG GT

Mercedes-Benz SLS AMG GT

sls

Новиот „Mercedes-Benz SLS AMG GT“ поседува напредна динамика на возење и дури подобри возни перформанси на тркачката патека. Со максимална излезна моќ од 591ks и оптимизиран „AMG Speedshift“ пренос, овој модел ги подигнува стандардите на возилата со високи перформанси на уште повисоко ниво.

sls3

Возилото е достапно со предна суспензија „AMG Ride Control Performance“  и достапно е како купе и роудстер. Автомобилот го доби новиот „AMG“ дизајн „Exclusive STYLE“-кожен тапацир кој е достапен како опционен додаток за сите „SLS“ модели.

sls1

Според Тобијас Моер, член на одборото и раководител за развој при компанијата „Mercedes Benz“, новиот „SLS AMG GT“ демонстрира врста на потенцијал која лежи во „AMG“ супер спортските автомобили.

Со уште повисоко ниво на перформанси „SLS AMG GT“ обезбедува ненадминато ниво на возбуда кога се вози на тркачката патека. Возилото го придивжува „AMG 6.3L V8“ мотор кој развива 591ks снага при 6800 o/min, додека максималниот вртежен момент е 650Nm при 4750o/min.

sls2

Возилото може да забрза од 0 дo 100km/h зa 3.7 секунди, додека до 200km/h овој модел забрзува за 11.2 секунди. Максималната брзина која овој автомобил ја остварува е 320km/h, додека потрошувачката на гориво е 13.2L/100km со 308 g/km CO2 емисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП