19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа десет месеци реализирани само 40,8 % од капиталните инвестиции

За десет месеци реализирани само 40,8 % од капиталните инвестиции

На Владата не и оди со трошењето на парите за капитални проекти. Откако со ребаланс на буџетот скрати 50 милиони евра од капиталните расходи кои беа планирани на 420 милиони евра за годинава, податоците покажуваат дека заклучно со октомври не успеала да реализира ниту половина од планираното за до карајот на годинава, односно реализирани се само 40,8 проценти од капиталните расходи. 

И бизнисот и меѓународните финансиски институции постојано алармираат дека на економијата и треба сигурна реализација на инфраструктурните проекти, а владата со проекцијата на буџетот за наредната година за која предвиде 383 милиони евра за капитални проекти призна дека до сега лошо било планирањето.

Од 368 милиони евра, искористени само 150 милиони евра

Податоците покажуваат дека од планираните 368,7 милиони евра со ребалансот за годинава за проекти од инфраструктурата, како патишта, железници, водоводи, канализации, брани, системи за наводнување, болници, училишта потрошени се само 150,6 милиони евра.

Гледано по министерства кои имале најмногу пари за трошење за капитални проекти, потфрлиле земјоделство, одбрана, труд и социјална политика. Така Министерството за земјоделство искористило само 16,7 проценти од парите за капитални инвестиции за годинава, или имало 11,4 милиони евра, а потрошило само 1,9 милиони евра.

Одбрана пак за десет месеци реализирала само 21 процент од капиталните проекти за годинава – од планираните 26,5 милиони евра, реализирала 5,5 милиони евра.

Во ресорот труд и социјална политика пак се реализирани само 26 проценти од капиталните проекти, иамле на  располагање 3,2 милиони евра, а за десет месеци потрошилае само 877 илјади евра. Под просечната реализација е и министерството за животна средина  со 34,7 проценти реализација. Планирано било да потрошат  7,4 милиони евра, а потрошиле 2,6 милиони евра. Ресорот образование пак искористил 38,4 проценти за капитални проекти или од 27,1 милиони евра само 10,4 милиони евра.

Во ресорот здравство, пак, искористени се 41 процент од парите или од 10,7 милиони евра потрошиле 4,4 милиони евра.

Најголема реализација има во транспорт кој од планираните 64,3 милиони евра, потрошиле 39,8 милиони евра(61,9%), МВР на располагање има 18,3 милиони евра, а потрошиле 10 милиони евра (54,5%), потоа  финансии од планираните 16,8 милиони евра, потрошени се 13,1 милиони евра (78,1%).

Капитални расходи по години:

1-10/2019                    40,8%

2018 год.                      65,6%

2017  год.                     83,6  %

2016 год.                      76,01 %

2015 год.                      83,96 %

2014 год.                      83,58 %

2013 год.                      82,42 %

2012 год.                      87,5 %

2011 год.                      84,37 %

2010 год.                      86,65 %

2009 год.                       69,69 %

2008  год.                      78,05 %

С.А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП