11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот е на најниско ниво во шест месеци

Биткоинот е на најниско ниво во шест месеци

Биткоинот денес падна на шестмесечен минимум, откако кинеската централна банка воведе нови мерки за борба против криптовалутите.

Биткоинот, најголемата светска криптовалута, падна за девет проценти на 6.929 долари, на најниско ниво од мај, пренесува Reuters.

Народната банка на Кина денеска соопшти дека ќе се бори против честите случаеви на незаконски активности кои вклучуваат виртуелни валути.

Исто така, ги предупреди инвеститорите да не ја мешаат крипто технологијата со блокчеин технологијата, дигиталниот регистар на многу криптовалути, како што е биткоинот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП