6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите не веруваат во банките

Русите не веруваат во банките

O

Инвестирањето во недвижнините е најомилениот облик на инвестирање на руските граѓани, покажува анкетата на Серускиот центар за истражување на јавното мислење (VCIOM).

Според резултатите од анкетата, бројот на Русите кои инвестираат во недвижнини се зголеми во вториот квартал на 51 процент, во споредба со 46 проценти во првиот квартал од оваа година.

Околу 27 проценти од испитаниците својот капитал го чуваат на штедни сметки, но само шест проценти од нив веруваат во банките.

Инвестирањето во злато и накит како облик на штедење го преферираат 20 проценти од испитаниците.

Интересен е податокот дека Русите повеќе сакаат да штедат во рубљи отколку во девизи. Така, предност на рубљите им дале 15 проценти од испитаниците, во однос на осум проценти на кои подраги им се странските пари.

Истражувањето на јавното мислење, исто така, покажа дека во Русија не се популарни вложувањата во акции на компании, како и во пензиски и инвестициски фондови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП