5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Не треба никој на старт да биде исклучен за 5G мрежата

Меркел: Не треба никој на старт да биде исклучен за 5G мрежата

Германија на почетокот не треба да исклучи понуда од ниту една компанија за изградба на 5G мобилна мрежа, порача денес канцеларката Ангела Меркел на конгресот на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ), на која амбициите на Huawei да учествува во таа изградба се контроверзна тема.

Некои пратеници на ЦДУ, имено, бараат кинескиот Huawei да биде исклучен од договорите за изградба на 5G мрежата, бидејќи САД тврдат дека Пекинг би можел да ја користи технологијата на таа компанија за шпионирање.

Меркел им рече на учесниците на конгресот на ЦДУ во Лајпциг дека Германија мора да постави строги безбедносни стандарди, но додаде: „Никого не треба да исклучуваме на почеток“, пренесува Reuters.

Германскиот деловен весник Wirtschaftwoche оваа недела објави дека Deutsche Telekom во текот на следните две години постепено ќе ја отфрли од употреба технологијата на Huawei, поради тековните контроверзии за безбедноста.

Осврнувајќи се на извори од компанијата, неделникот наведе дека Deutsche Telekom целосно ќе ги замени деловите на Huawei на својата главна мрежа, како дел од рутинскиот процес на замена на постарата опрема.

„Во рок од две години, процентот на азиските делови ќе се намали на нула проценти“, се додава во текстот на весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП