26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард повикува на иновации и инвестиции во Европа

Лагард повикува на иновации и инвестиции во Европа

Новата претседателка на Европската централна банка (ECB), Кристин Лагард, денес повика на иновации и инвестиции во Европа, како одговор на економските и климатските предизвици.

Доколку европските земји „стимулираат раст и инвестираат во продуктивни сектори на економијата“, тие ќе ја поддржат побарувачката, а во исто време ќе обезбедат на долг рок да им се одржи конкурентноста, изјави Лагард на банкарскиот конгрес.

Лагард, која ја презеде функцијата шеф на Европската централна банка на 1 ноември, заменувајќи го Марио Драги, истакна колку флексибилната монетарната политика на ECB била одлучувачки фактор за внатрешната побарувачка за време на закрепнувањето на еврозоната.

„Меѓутоа, јасно е дека монетарната политика може побрзо да ја постигне својата цел (инфлација) доколку другите политики го поддржуваат растот“, изјави Лагард.

Според нејзиното мислење, националните буџетски политики се клучен елемент не само во однос на јавните расходи, туку и спрема нивниот состав и треба да ги охрабрат инвестициите кон заедничка иднина која ќе биде попродуктивна, подигитална и позелена иднина, изјави таа.

Лагард посочи дека земјите од еврозоната се побавни во искористување на иновациите и дигиталната ера од другите економии, како што се САД.

Лагард најави дека наскоро претстои ревизија на стратегијата на ECB, а дека ќе продолжат да ги следат ефектите од политиката на ефтини пари поради поддржување на растот и цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП