25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолицијата трага по мистериозен добротвор кој на минувачите им остава коверти со...

Полицијата трага по мистериозен добротвор кој на минувачите им остава коверти со пари

Британската полиција го бара мистериозниот добротвор кој остава коверти полни со пари во една градска улица во округот Блек Колиер на северот на земјата.

Локалните медиуми објавија дека непознатото лице ги остава ковертите со пари од 2014 година.

На почетокот од оваа недела, во еден плик беа пронајдени 2000 фунти (2.300 евра).

Ова е четвртa коверта од почетокот на годината, а дванаесетта во овие пет години.

Со цел да го најде мистериозниот добротвор, полицијата се состанува со луѓе, институции и банки и ги пребара отпечатоците од банкнотите.

Сепак, и покрај сите напори, тие не успеаја да го откријат идентитетот на таа личност.

Портпаролот на локалната полиција Џон Форстер изјави дека случајот останува мистериозен.

„Затоа ние ја поздравуваме секоја информација што ќе ни помогне да расветлиме за овој инцидент“, рече Форстер.

Забележувајќи дека лицето што ги оставило парите може да биде филантроп, Форстер исто така им се заблагодари на граѓаните кои ги пронајдоа и ги донесоа парите. Тој додаде дека парите ќе бидат кај нив две недели, а доколку сопственикот не се појави, тие ќе бидат вратени на лицето кое ги нашло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП