19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФИТР: Политичарите да најдат реален проблем со кој ќе се занимаваат

ФИТР: Политичарите да најдат реален проблем со кој ќе се занимаваат

Ова не е реален проблем, туку измислен. Веќе реагиравме и повторно ќе реагираме на обвинувањата дека Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) дели пари на партиски личности, не за да го заштитиме директорот или вработените во Фондот, туку за да го заштитиме угледот на компаниите кои аплицираат на јавните повици на ФИТР, порача денеска директорот на Фондот Јован Деспотовски.

Тој посочи дека на повиците на Фондот во изминатите две години аплицирале над 1.000 домашни компании што, според него, говори дека имаат доверба во ФИТР.

-Точно е дека тоа говори дека има голема потреба за финансиски средства, но никој не е будала да троши време и да учествува во постапка која знае дека е однапред наместена. Над 300 правни субјекти, 240 компании и 50 основни и средни училишта во моментов користат средства од Фондот. Потполно е неодговорно од кој било политичар да им лепи политичка етикета на 300 корисници меѓу кои се 50 основни и средни училишта. Никој не може да ме убеди дека сите се од една или од друга политичка опција, рече Деспотовски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Процесот во ФИТР, нагласи, е апсолутно отворен и транспарентен.

-Во првата фаза на одлучување имаме над 200 домашни стручни лица, не лица кои се вработени во Фондот, туку надворешни стручни лица кои прават евалуација. Во втората фаза се пет странски експерти. Никаде јас како директор, ниту вработените во Фондот, ниту, пак, било кој актуелен функционер во Владата не учествува во одлучувањето за средствата. Најважно е што контролата на трошењето на средствата ја реализираат две меѓународни ревизорски куќи, рече Деспотовски и им препорача на политичарите да најдат, како што рече, реален проблем со кој ќе се занимаваат, а патем и да понудат решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП