17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците се фалат со „голем напредок“

Грците се фалат со „голем напредок“

grcija2

Грција наведе дека се приближува до остварувањето на договорот со Европската унија и ММФ за намалување на бројот на работни места во јавниот сектор, со што го отвoра патот за исплата на новата транша помош од 8,1 милијарди евра.

„Остварен е голем напредок“, наведе грчкото Министерство за финансии по разговорот со доверителите, пренесува агенцијата АП.

„Остваривме важен напредок“, нагласи во Атина Пол Томсен, претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од тројката доверители заедно со ЕУ и Европската централна банка (ЕЦБ). Се надевам дека за неколку дена ќе постигнеме договор пред состанокот на претставниците од еврозоната, додаде тој, пренесува агенцијата АП.

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас изјави дека е оптимист во поглед на склучување на договорот. Експертите од тројката бараат гаранции од Атина во врска со укинувањето на работните места во јавниот сектор и буџетската дисциплина.

Договорот со доверителите е неопходен пред состанокот на министрите за финансии на еврозоната, бидејќи е предуслов за деблокирање на новата транша помош од 8,1 милијарди евра, од кои 6,3 милијарди треба да ги обезбеди ЕУ, а остатокот ММФ.

Вкупнo од 2010 година до сега, Грција доби 240 милијарди евра меѓународна помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП