19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ100 милиони евра казна за BMW, Volkswagen и Daimler поради картелско здружување

100 милиони евра казна за BMW, Volkswagen и Daimler поради картелско здружување

Германскиот регулатор во четвртокот одреди казна од вкупно 100 милиони евра за водечките производители на автомобили BMW, Daimler и Volkswagen поради здружување во картел за потребите за набавки на производи од челик.

Помеѓу 2004 и 2013 година, овие производители на автомобили редовно се состанувале со производителите на челик и други компании во синџирот на снабдување, за да се договорат за единствен износ на доплата на набавната цена на челикот, објави канцеларијата за сузбивање на картелски активности.

Додадоа и дека компаниите плаќале нелегални цени, кои произлегле од картелски активности, барем до 2016 година.

Компаниите ги прифатија казните.

BMW соопшти дека ќе плати казна во износ од 28 милиони евра. Daimler според зборовите на портпаролката ќе мора да плати 23,5 милиони евра.

Останатите скоро 49 милиони евра ќе ги плати Volkswagen, најголемиот германски производител, од каде не сакаа да коментираат за висината на казната, но изразија задоволство поради завршувањето на истрагата и отстранување на правната неизвесност.

Од канцеларијата за сузбивање на картели напоменуваат дека куповната цена на производите од челик на кои картелот влијаел, а се користи при производство на коленести вратила, запчаници и шипки на управувачкиот систем, сочинува еден процент од крајната вредност на автомобилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП