28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлумберг го предизвикува Трамп, поранешниот градоначалник на Њујорк поднесе кандидатура за претседателските...

Блумберг го предизвикува Трамп, поранешниот градоначалник на Њујорк поднесе кандидатура за претседателските избори во САД

Милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, поднесе во Федералната изборна комисија барање за кандидатура на американските претседателските избори, што е уште еден чекор за негово вклучување со демократските кандидати, кои сакаат да се спротистават на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Меѓутоа, Блумберг не соопшти лично дека ќе се кандидира за претседател, а неговиот тим, наводно, ја разгледува неговата апликација, која ја поднесе вчера, како неопходен логистички чекор додека не донесе конечна одлука.

Блумберг (77) поднесе барање за да биде на примарниот изборен список на демократите во неколку држави кои имаат пократок рок за пријавување, пренесува Washington Examiner.

Се очекува да ја прескокне кампањата на првите четири наддавања за номинација во Ајова, Њу Хемпшир, Невада и Јужна Каролина, а дека ќе се фокусира на собирање гласови на таканаречениот „супер вторник“ на 3 март.

Неколку демократски кандидати веднаш го критикуваа Блумберг поради објавувањето на неговата намера да се кандидира, откако поранешниот потпретседател Џо Бајден лошо помина во првите анкети и собирањето пари за кампања.

Сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен ја нарече неговата кампања „обид за купување претседателски мандат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП