
По котлините, особено долж Повардарието преку целиот ден ќе се задржи значителна ниска облачност. Во останатите делови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во текот на денот облачноста ќе се зголемува. Во источните делови ќе има повремен локален дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

