29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина милион нови баратели на азил во ЕУ во 2019 година

Половина милион нови баратели на азил во ЕУ во 2019 година

Повеќе од 515 илјади барања за азил биле доставени до земјите-членки на ЕУ во текот на првите девет месеци од тековната година, скоро 10% повеќе од минатата година. Право на азил засега е одобрено на околу една третина (34%), соопшти Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕАСО).

Повеќето баратели на азил доаѓаат од Сирија, Авганистан и Венецуела. Веќе шести месец по ред, Авганистанците кои аплицирале за азил се побројни од оние од Венецуела, а тој број го достигна врвот во септември, кога 5.600 побарале заштита.

Скоро 900.000 луѓе чекаат да се реши постапката за азил на сите нивоа на властa.

Неколку земји претрпуваат непропорционален миграциски притисок, така што најмногу луѓе по глава на жител побарале азил во Кипар, Малта, потоа во Грција, Шведска и Луксембург.

На пример, Кипар добива 1.500 барања на милион жители, двојно повеќе од оној на второ рангираната Малта (700 барања на милион жители).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП