24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголема инвестиција во историјата на компанијата: Гигантот за дигитални плаќања го проширува...

Најголема инвестиција во историјата на компанијата: Гигантот за дигитални плаќања го проширува бизнисот

Од компанијата PayPal објавија дека планираат да ја купат Honey, компанија која прави додатоци за веб пребарувачи по цена од 4 милијарди долари.

Ова ќе биде најголемото купување кое PayPal досега го има направено, а претставува желба на оваа компанија да го прошири својот бизнис и надвор од индустријата за дигитални плаќања.

Honey е компанија која е основана во 2012 година. Ги известува корисниците за цените на различни производи, а работи преку додатоци на веб пребарувачи и мобилни апликации. Од PayPal велат дека Honey во моментов ги следи цените на над 30.000 различни сајтови за продажба.

Иако Дан Шулман од PayPal, го опишува овој потег како „трансформативно купување“, од Wall Street порачуваат дека цените на акциите на PayPal паднале за повеќе од два проценти, само неколку часа откако е објавена веста за купување на компанијата Honey.

Купувањето би требало да биде завршено во првиот квартал во 2020 година. PayPal оваа година ги купи и компаниите Hyperwallet, iZettle и Simility.

Овој гигант во индустријата за дигитални плаќања има уште два проекти во план. Едниот е GoPay, кој ќе им овозможи да се пробијат на кинескиот пазар.

Друг претстоен проект е Venmo кредитната картичка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП