Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,903.09 0%    GRNT 951.88 -0.54%    KMB 5,999.03 0.13%    MPT 65,000.00 0.04%    OKTA 3,153.00 0%    RZUS 50.00 0%    SBT 2,600.00 8.29%    STB 1,070.00 1.42%    STIL 77.00 -1.28%    TEL 320.00 0%    TNB 16,350.00 -0.61%    TTK 1,282.00 9.57%    

Средба на министерката Ангеловска со вториот човек на ММФ Тао Жанг: Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

Време: 10:01

Датум: ноември 21, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето на сивата економија. Истовремено користејќи ја технологијата ќе се преземаат и понатамошни мерки за подобрување на фискалната транспарентност, како предуслов за фискална ефикасност. Ова се дел од темите кои беа дискустирани на средбата помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска со заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд Тао Жанг, кој се одржа во Скопје, а на кој присуствуваше и шефицата на Канцеларијата на Фондот во Виена, Штефани Ебле.

На средбата беа поздравени напорите кои земјата ги прави во покачувањето на фискалната транспарентност, како платформата „Отворени финансии“, која беше пуштена вчера и со која на јавноста и се ставаат на увид сите исплати од трезорот на државата. Исто така, беше изразена поддршка за идеите и мерките во насока на намалување на сивата економија.

Од страна на високите претставници на Меѓународниот монетарен фонд беше истакнато дека Фондот и Република Северна Македонија имаат партнерски однос и дека и тие се отворени и за добивање, а не само за давање на препораки и сугестии.

Меѓународниот монетарен фонд, во завршната изјава од неодамнешната редовна мисија во земјава посочи дека преку реформите за сузбивање на сивата економија ќе се помогне во подобрување на деловната клима во земјата и ќе се заштитат работниците, а исто така ќе имаат и потенцијално големи придобивки во смисла на приходи. Фондот посочи дека неформалната економија е штетна поради соочување на легалните бизниси со нелојална конкуренција, која не плаќа даноци или не е усогласена со регулативите, додека работниците во неформалниот сектор се лишени од работничките права, а јавните ресурси се намалени.

Согласно последните оценки на ММФ, изгледите за раст на македонската економија се покачени. Се очекува растот дополнително да зајакнува во текот на оваа година, додека преку пониските даноци и повисоките пензии и плати, се очекува да бидат дополнителен стимул за потрошувачката, што ќе резултира со уште посилен раст догодина.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

    Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

    Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во…

  • Цените на акциите на азиските берзи достигнуваат рекордно нивоа

    Цените на акциите на азиските берзи достигнуваат рекордно нивоа

    Цените на акциите на азиските берзи денес достигнаа највисоко ниво во последните пет месеци, затоа што инвеститорите очекуваат дека деловните резултати на американските компании, чие…

  • Клоп: Уште 4 години во Ливерпул, па потоа одмор цела година!

    Клоп: Уште 4 години во Ливерпул, па потоа одмор цела година!

    Тренерот на Ливерпул, германскиот стратег Јирген Клоп потврди дека уште неколку сезони ќе биде на чело на клубот од „Енфилд“. „Што се однесува до плановите…

  • Путин: Мерките за економско закрепнување треба да бидат интегрирани во националните проекти

    Путин: Мерките за економско закрепнување треба да бидат интегрирани во националните проекти

    Мерките на националниот план за економско закрепнување треба да бидат интегрирани во националните проекти, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин. Предлагам мерките од тој план…

  • Во мај само 838 туристи, 99,2 отсто помалку од лани

    Во мај само 838 туристи, 99,2 отсто помалку од лани

    Во мај годинава земјава ја посетиле 838 туристи што е 99,2 отсто помалку во однос на истиот месец лани. Како што соопшти Државниот завод за…

  • Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата

    Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата

    Од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР…

  • Рекордно мал број на луѓе во ЕУ започнале со работа во првиот квартал (ИНФОГРАФИК)

    Рекордно мал број на луѓе во ЕУ започнале со работа во првиот квартал (ИНФОГРАФИК)

    Податоците на Европската канцеларија за статистика „Евростат“ покажуваат дека рекорден мал број на луѓе во Европската унија (ЕУ) започнале да работат во првиот квартал од…

  • Нова теорија на заговор: Во маски за лице скриена 5G антена

    Нова теорија на заговор: Во маски за лице скриена 5G антена

    Теориите на заговор кои се шират низ целиот свет се прилично луди, но се чини дека во последно време се интензивираат со порастот на глобалната…

  • Регионот би можел да дојде на работ на сиромаштија поради пандемијата

    Регионот би можел да дојде на работ на сиромаштија поради пандемијата

    Светската банка (СБ) процени дека на Западен Балкан, доколку владите не воведоа одредени мерки, корона кризата би отерала најмалку 400.000 луѓе во сиромаштија. Светската банка…

  • Во Дубровник цените спуштени и до 60 отсто, но гости пак нема

    Во Дубровник цените спуштени и до 60 отсто, но гости пак нема

    Градот Дубровник, еден од најважните туристички центри на хрватското крајбрежје, оваа година бележи рекордно мал број на туристи поради пандемијата на коронавирусот. Според системот за…