13 ноември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизведен 500.000-тиот Porsche Cayenne

Произведен 500.000-тиот Porsche Cayenne

500000-ti-cayenne

Германскиот производител на автомобили „Porsche“ викендов имаше одлична причина за прослава. Имено во фабриката во Лајпциг од производната лената излезе 500.000-тиот примерок на моделот „Cayenne“.

Ова не е единствениот јубилеј од ваков тип со „Cayenne“ во главната улога, затоа што модификуваната верзија на овој модел беше и 500.000-тиот модел кој е произведен во фабриката во Лајпциг во која се произведува и „Panamera“, а некогаш и „Carrera GT“.

Јубилејниот примерок е бел „Cayenne S“ кој го придвижува V8 дизел мотор и кој до „стотка“ забрзува за 5.9 секунди.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП