21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот дефицит на Унгарија е два проценти од БДП

Буџетскиот дефицит на Унгарија е два проценти од БДП

Нето потребите за финансирање на буџетот на Унгарија заклучно со третиот квартал достигнаа 910 милијарди форинти (2,7 милијарди евра) или два проценти од БДП.

Според првичните податоци на Народната банка на Унгарија (NBH) само во третиот квартал, нето задолжувањето на општата влада изнесува 228 милијарди форинти (680,3 милиони евра), што претставува 1,9 проценти од кварталниот БДП, пренесува MTI.

Националниот долг на Унгарија на крајот на септември изнесуваше 66,4 проценти од БДП, што е намалување во однос на 66,5 проценти на крајот на јуни, како и во однос на 70,2 проценти претходната година.

Уставот на земјата наложува на крајот на годината уделот на долгот од БДП да биде помал секоја година додека не се спушти на 50 проценти.

Номиналната вредност на државниот долг на Унгарија на крајот на третиот квартал беше еквивалентен на износот од 30,325 трилиони форинти (90,5 милијарди евра), што е зголемување во однос на 29,667 трилиони форинти на крајот на вториот квартал и споредено со 29.164 трилиони една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП