3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската централна банка ја намали краткорочната каматна стапка за прв пат од...

Кинеската централна банка ја намали краткорочната каматна стапка за прв пат од 2015 година

Кинеската централна банка ја намали каматната стапка за краткорочни заеми за прв пат во последните четири години, во обид да го засили слабиот економски раст во контекст на затегнатиот трговски конфликт со Соединетите држави.

Во понеделникот, Народната банка на Кина ја намали каматната стапка за задолжување до седум дена, на 2,50 проценти, од 2,55 проценти. Тоа е прво намалување на таа каматна стапка од октомври 2015 година.

Во контекст на бавниот раст на втората најголема светска економија во скоро три децении, кинеската централна банка на почетокот на месецот за прв пат од 2016 година ја намали каматната стапка за среднорочното задолжување. Каматната стапка на заемите со рок на враќање од една година, исто така, е намалена за 0,05 процентни поени, на 3,25 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП