21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД повторно ги одложи санкциите за Huawei

САД повторно ги одложи санкциите за Huawei

Ова е второ одлагање од 90 дена откако администрацијата на Доналд Трамп воведе санкции за кинеската компанија во мај.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Huawei“ за уште 90 дена.

Во мај, САД стави на црната листа пет кинески организации, меѓу кои и Huavei, кои се занимаваат со „суперкомпјутинг“, означувајќи ги како закана за американската национална безбедност и спречувајќи ги да пристапат до доверлива технологија.

Ова значи дека американските компании не можат да продаваат ништо на Huawei без одобрение од американските власти.

Ова е второ одложување од 90 дена откако администрацијата воведе санкции во мај.

И покрај тоа што беше на списокот на црната листа од страна на американската влада, Huawei објави дека ги зголемиле приходите за 24,4 проценти во првите три квартали од оваа година, на 86 милијарди долари.

Huawei е најголемиот светски производител на телекомуникациска мрежна опрема и втор по големина производител на паметни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП