7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го зголеми рејтингот на Кипар

Fitch го зголеми рејтингот на Кипар

fic1

Меѓународната рејтинг агенција „Fitch“ го зголеми долгорочниот рејтинг на Кипар во националната валута од ниво од „RD“ (ограничен банкрот) на ниво „CCC“.

Тоа на средината на неделата го направи и агенцијата „Standard & Poor`s“, што укажува на способност на земјата да ги отплати своите долгови.

„Fitch“ соопшти дека долгорочниот рејтинг во странска валута е потврден на ниво „B-“ со „негативна прогноза“.

Краткорочниот рејтинг на Кипар, „Fitch“ го потврди на нивото од „B“, а плафонот за рејтинг на другите субјекти во таа земја, исто така на ниво од „B“.

На средината од минатата недела и рејтинг агенцијата „Standard &Poor`s“ го зголеми долгорочниот рејтинг на Кипар во странска и национална валута од ограничен банкрот на „CCC+“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП