4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан договорот за слободна трговија помеѓу Кина и Швајцарија

Потпишан договорот за слободна трговија помеѓу Кина и Швајцарија

madechina1

Кина и Швајцарија денеска потпишаа договор за слободна трговија, што е втор таков договор на Пекинг со некоја од европските земји, јавува агенцијата Франс Прес.

Кинескиот министер за трговија Гао Хученх и швајцарскиот министер за економија Јохан Шнајдер-Аман го ставија својот потпис на договорот за време на церемонијата во Министерството за трговија во Пекинг.

„Договорот за слободна трговија има голема важност за односите меѓу нашите две земји”, рече швајцарскиот министер за економија Јохан Шнајдер-Аман по церемонијата во Пекинг. Според него Швајцарија добива солидна комерцијална перспектива надвор од Европа, која последните години е во криза.

Кина, втората по големина економија во светот е трет трговски партнер на Швајцарија по Европа и САД. Трговската размена лани изнесувала 26.3 милијарди долари, а Швајцарците имаат суфицит од 22,8 милијарди. Според Светската банка, Швајцарија како 19-та економска сила е една од ретките земји која има трговски суфицит со Кина.

За споредба, Германија во Кина извезува стока во вредност од 86 милијарди долари и увезува за 99,8 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП