19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо технолошки најразвиената земја сеуште сакаат кеш наместо "пластика"

Во технолошки најразвиената земја сеуште сакаат кеш наместо “пластика”

Скоро една петтина од јапонските домаќинства користат електронски пари при купување, што претставува зголемување во однос на претходната година.

Според истражувањето кое за потребите на Централната банка на Јапонија ја спроведе еден институт, 18,5 проценти од домаќинствата изјавиле дека користат електронски пари, како што се апликации за паметни телефони или дебитни картички, за плаќање сметки од 1.000 јени (9,17 долари) или помалку, во однос на 15,4 проценти од домаќинствата во 2018 година, пренесува Reuters.

Меѓу домаќинствата со еден член на возраст помеѓу 20 и 30 години, кои сочинуваат 43 проценти од испитаниците, тој процент е многу поголем, и изнесува 35,6 проценти, што укажува дека напорите на владата да ги охрабрат Јапонците на безготовински плаќања може се исплателе, барем кај помладата генерација.

И покрај порастот на електронските плаќања, јапонскиот ментален став дека „готовината е крал“ сеуште е врежен кај 84 проценти од анкетираните кои изјавија дека користат мали банкноти и монети при купување.

За плаќања кои се движат од 10.000 до 50.000 јени, 48,5 проценти од домаќинствата изјавија дека користеле пари, а 3,4 проценти електронски пари, покажува истражувањето. Ниските стапки на криминал, повеќегодишните ултраниски каматни стапки и мрежата на банкомати веќе долго време ја прават готовината примамлива во Јапонија, давајќи им на луѓето малку причини да се префрлат на безготовински плаќања, проценува британската агенција.

Премиерот Шинзо Абе се залага за тоа продавниците да обезбедат автоматизација на продажбата и банките да ја намалат скапата мрежа на банкомати, со цел повеќе Јапонци да се префрлат на безготовинско плаќање. Владата неодамна ги мотивираше купувачите да се префрлат од „готовина“ на електронски пари така што од 1 октомври воведе програма за попуст при купување платено безготовинско, како би го ублажила болното зголемување на даноците на продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП