27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBloomberg: Гејтс повторно најбогат човек на светот

Bloomberg: Гејтс повторно најбогат човек на светот

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, го надмина основачот на Amazon, Џеф Безос, на списокот најбогати луѓе во светот, за прв пат по повеќе од две години, покажуваат податоците на индексот на милијардери на Bloomberg.

Bloomberg наведува дека е можно на Гејтс делумно да му помагал Пентагон, кога на 25 октомври објави дека одлучил да склучи договор со Microsoft вреден 10 милијарди долари.

Акциите на Microsoft оттогаш пораснаа за четири проценти, а богатството на Гејтс на милијарди долари.

Богатството на Безос

Од друга страна, акциите на Amazon, се намалија за околу два проценти по објавата на Пентагон.

Вкупното богатство на Безос во моментов изнесува 108,7 милијарди долари.

Индексот на милијардери на Bloomberg, кој го мери богатството на 500 најбогати луѓе се ажурира по затворањето на американските берзи.

Гејтс минатиот месец кратко го зазеде првото место на списокот бидејќи Amazon објави дека за прв пат после две години имаше загуби во профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП