28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалната побарувачка за нафта се удвои во третиот квартал

Глобалната побарувачка за нафта се удвои во третиот квартал

Глобалната побарувачка за нафта во третиот квартал од 2019 година порасна за 1,1 милиони барели на ден.

Тоа е повеќе од двојно од 435.000 барели дневно во претходниот квартал, се вели во најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (IEA).

Кина за тоа придонела најмногу, бидејќи нејзината побарувачка се зголемила за 640.000 барели дневно во однос на истиот период минатата година, објави CNBC.

Глобалната понуда за нафта во октомври се зголемила за 1,5 милиони барели на ден, кога саудиското производство се нормализирала, додека Норвешка, Канада и САД забележале значителен пораст на производството.

Производството на нафта во рамките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEK) изнесуваше 29,9 милиони барели дневно, што претставува намалување од 2,5 милиони во однос на истиот период минатата година. IEA, пак, укажува на послабата активност за преработка на нафта во првите три квартали од 2019 година, и се очекува побарувачката за нафта во текот на 2019 година да опаѓа, прв пат од 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП