23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканското индустриско производство падна повеќе од очекуваното

Американското индустриско производство падна повеќе од очекуваното

Падот е забележан поради силниот пад во секторот производството, рударскиот и комуналниот сектор.

Индустриското производство минатиот месец падна за 0,8 проценти, по ревидиран пад од 0,3 во септември, според американските Федералните резерви (FED), пренесува Reuters.

Тоа е најголем пад од мај 2018 година.

Економистите анкетирани од Reuters предвидоа пад на индустриското производство од 0,4 проценти во октомври.

Придонесе и штрајкот на General Motors

Производството во производствениот сектор минатиот месец падна за 0,6 проценти, при што производството на моторни возила потона за 11,1 проценти.

Штрајкот на General Motors придонесе за овој пад, предизвикувајќи пад на трајните производи од 1,2 процент, наведе FED.

Исклучувајќи го производството на моторни возила и делови, производствениот сектор и понатаму бележи пад од 0,5 проценти.

Рударскиот сектор забележа намалување на активностите од 0,7 проценти во октомври, а секторот комунални услуги падна за 2,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП