4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната забави, трговскиот суфицит порасна

Инфлацијата во еврозоната забави, трговскиот суфицит порасна

Стапката на инфлација во еврозоната се забавил во октомври, како резултат на значителниот пад на цените на енергијата, објави денеска Европскиот завод за статистика Eurostat, потврдувајќи ја својата претходна проценка.

Исто така, беше објавено дека блокот со 19 држави во септември регистрирал поголем суфицит во трговијата со остатокот од светот, бидејќи извозот пораснал повеќе од увозот, пренесува Reuters.

Инфлацијата во октомври, како што е потврдено, се зголемила за 0,7 проценти на годишно ниво, што е забавување во однос на растот од 0,8 проценти во септември.

Како причина за забавување на инфлацијата е наведен падот на цената на енергијата од 3,1 процент.

Основната инфлација, со исклучок на нестабилната цена на енергијата и храната, потврдена е на 1,2 проценти во октомври, што е непроменето во однос на септември.

Исклучувајќи ги цените на енергијата, храната, алкохолот и цигарите, инфлацијата се зголемила за 1,1 процент во октомври, што претставува зголемување од 1,0 проценти во септември.

Во посебно соопштение, Eurostat објави дека трговскиот суфицит на блокот се зголемил на 18,7 милијарди евра во септември, во однос на 12,6 милијарди евра забележани во септември 2018 година.

Тоа е, исто така, поголем суфицит во однос на вишокот од 14,7 милијарди евра од август оваа година.

И покрај трговските тензии, еврозоната во септември го зголемила извозот на стоки во остатокот на светот за 5,2 проценти во споредба со истиот период минатата година, неутрализирајќи го увозот за 2,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП