25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПетнаесет милиони евра за проекти и нови работни места во руралните средини

Петнаесет милиони евра за проекти и нови работни места во руралните средини

rurak

Со 15 милиони евра преку новата ИПАРД програма ќе се финансираат проекти во туризмот, занаетчиството, алтернативното земјоделство, угостителството,… во руралните средини, со што ќе се отворат нови работни места, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Во новата ИПАРД програма предвидено е и финансирање на фризерски салони, игротеки и градинки со цел подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, а ќе бидат кофинансирани 50 проценти од вложените средства.

– Основниот фокус е отворање нови работни места што ќе биде посебно акцентирано, бодирано и вреднувано, нагласи Ѓорѓиев.

Тој информира дека ќе бидат кофинансирани проекти за изградба или реновирање мали капацитети за производство на храна, откупни центри за шумски производи, подршка за занаетчиството во руралните средини, на приватните ветеринарни станици, сервирање машински прстени, битно за задругарите, како и туризмот во руралните региони.

– Сите занаетчии кои фигурираат во руралните региони од оваа година можe да ја искористат поддршката за да го развијат својот бизнис или да отворат нов. Ќе бидат поддржани алтернативните земјоделски производства како што се проекти од холтикултурата, односно одгледување и производство na цвеќиња, но и зајаци, ноеви и дивеч. Нешто што спаѓа во нетипичен вид земјоделско производство, но и тренд на развој во поголем број европски и светски развиени земји, рече портпаролот на Владата на Република Македонија.

Според него, услужните дејности во руралните региони даваат значителна можност за отворање бизнис на лицата што живеат таму со цел да останат таму и да придонесат во воспоставување нови содржини кои ќе бидат во инетрес на граѓаните што живеат таму.

Од областа на туризмот во планинските туристички центри каде има помалку од 30.000 жители, како што се Голак, Плачковица, Маврово, Крушево,… но и селата во поголемите општини со над 30 илjади жители, како што се центрите на бреговите на македонските езера Пештани, Радожда, Дојран… каде е концентриран голем број од туристичкиот живот, покрај туриситчки капацитети ќе се поддржува дополнување на содржините средствата може да ги користат за отворање ресторани, кафулиња, рибници и угостителски содржини околу нив, спортски и велосипедски патеки и зоолошки градини.

– Како корисници на овие средства може да се најдат физичките лица кои ги предвидуваме прв пат од годинава, кои ќе се фокусираат на полето на занаетчиството, услужните дејности, трогвските друштва и трговците поединци, задруги и земјоделските стопанства, раководени од физичко или правно лице. Се дава широка основа и опфатени се сите целни групи кои ќе може да ги користат овие средства, истакна Ѓорѓиев.

За стекнување на правото за користење на овие средства, појасни дека е потребно барање до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, со образложение за проектот, субјектот кој аплицира да нема долг кон државата, како и доказ за сопственост или за закупнина на земјиштето каде што ќе се реалзиира проектот.

– Оваа година е направен уште еден исчекор, претходно проектите што беа поддржани од државата преку кофинансирање беше од пет до 200 илјади евра, годинава долниот праг е симнат на три илади евра, а горниот зголемен на 450 илјади евра. Исклучок се туристичките капацитети каде е дозволено финансирање проекти во износ до 750.000 евра, што го покажува посебниот акцент на можностите што се даваат во туристичката дејност, рече Ѓорѓиев.

Огласот треба да биде објавен во текот на неделава од страна на Агенцијата за финансирање на земјоделскиот и руралниот развој и ќе трае 45 дена. За подетални информации од утрегра ѓаните може да се обратат во Агенцијата, каде ќе биде отворен бесплатен телефонски број  0800 12 12 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП