Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,303.85 0.13%    GRNT 1,048.61 -0.61%    KMB 6,299.69 1.14%    KVAS 17,000.00 20.57%    MPT 76,676.92 0.6%    MTUR 5,400.00 0.03%    OKTA 4,600.00 -0.01%    RZIN 90.00 0%    RZTK 660.00 0%    SOLN 293.00 -2.98%    STB 1,165.00 0.42%    TEL 315.00 1.43%    TETE 2,300.00 0%    TNB 16,600.00 0%    UNI 2,361.91 2.69%    VITA 12,365.00 3.29%    

Сугарески: Очекувам голема реализација на капиталните инвестиции

Време: 14:17

Датум: ноември 15, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Силната инвестициска активност во инфраструктурата продолжува и во четвртиот квартал. Очекувам голема реализација на капиталните инвестиции, бидејќи во ресосорт транспорт четвртиот квартал е и најсилен, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната работна посета на Валандово.

Тој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, изврши увид во реконстуркција на државниот пат Смоквица –Удово. Реконструкција на патниот правец е во должина од шест километри, а вредноста на инвестицијата е 46,3 милиони денари.

– Активностите врз целокупната инфраструктура во државата се одвиваат со силен интензитет. Временските услови се на наша страна со што ни овозможуваат добра и долга градежна сезона. Реконструкцијата на овој патен правец е од огромно значаење за населените места кои гравитираат кон Валандово и валандовско, бидејќи е еден од најфрекврентните и ги поврзува со автопатот. Со силна динамика продолжуваме и во наредниот период, имаме голема програма. Во овој регион планираме голема инвестициска активност за што во следната година се предвидени реконструкции на неколку регионални патишта, изјави Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека овој пат е многу значаен бидејќи ги поврзува Валандово, Струмица со Коридор 10.

– Отпочнуавме со работа на патот од Валандово кон Фурка, од Фурка кон Николич и од Стар Дојран до граничниот премин со Грција. Во меѓувреме се работи и на подготовка на еден голем проект, а тоа е изградба на експресен пат од автопатот кај Смоквица до граничен премин Ново Село со Република Бугарија. За следната година само реахбилитации ќе имаме преку 1.200 километри, рече Китанов.

За градоначалникот Костадиновски реконструкцијата на овој пат е од огромно значење, бидејќи влијае врз развојот на регионот.

-Кoнечно приоритетите на граѓаните ги забележуваме и ги решаваме, така ги подобруваме и условите за живот. Патот директно не поврзува со автопатот. Овој крај најбрзо се развива во општината Валандово, а со рехабилитацијата на овој пат дополнително ќе го стимулираме развојот, истакна Костадиновски

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Свети Климент Охридски Чудотворец

    Свети Климент Охридски Чудотворец

    Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Македонија,…

  • БДП порасна 3,6 проценти во третиот квартал

    БДП порасна 3,6 проценти во третиот квартал

    Растот на БДП во третиот квартал од 3,6 проценти, колку што пресмета Државниот завод за статистика, за премиерот Зоран Заев е под неговите очекувања. Тој…

  • Променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне

    Променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне. Во текот на денот облачноста ќе се намалува, информира Управата за хидрометеоролошки…

  • Светна новогодишната елка во Скопје

    Светна новогодишната елка во Скопје

    Со вeчерашното светнување на елката на плоштадот „Македонија“ и отворањето на новогодишниот базар „Винтерленд“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје. На почетокот…

  • Со закон се уредува управувањето на електрични тротинети, се укинуваат негативните поени за возачите

    Со закон се уредува управувањето на електрични тротинети, се укинуваат негативните поени за возачите

    Комисијата за одбрана и безбедност денеска за понатамошно читање предложи измени и дополнувања на 14 закони, кои генерално како што појасни министерот за внатрешни работи…

  • Работилница во Народната банка: Ќе се подготвува Национална стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот

    Работилница во Народната банка: Ќе се подготвува Национална стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот

    На иницијатива на Народната банка ќе се подготвува Национална стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот кај нас. Заради нејзино успешно спроведување ќе се преземат…

  • Охрабрувачки податоци – раст на економијата и пад на невработеноста

    Охрабрувачки податоци – раст на економијата и пад на невработеноста

    Државната статистика излезе со охрабрувачки податоци – во третиот квартал од годинава економијата пораснала за 3.6%, а невработеноста се намалила на 17.1%. Економијата пораснала за…

  • Започна саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол

    Започна саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол

    Денеска започна саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол, каде граѓаните ќе можат да се информираат целосно за проектот на едно место –…

  • УЈП почна со исплата на парични средства по основ на МојДДВ

    УЈП почна со исплата на парични средства по основ на МојДДВ

    Управата за јавни приходи (УЈП) започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Повратот од 15…

  • До крајот на годината вработените треба да добијат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15

    До крајот на годината вработените треба да добијат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15

    На сметките треба да легнат по најмалку 9.610 денари К-15 се пресметува врз основа на просечната нето или бруто плата во изминатите три месеци (40%…