2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот го нагризува невидлива габа

Доларот го нагризува невидлива габа

dolar-gaba

Водечката светска резервна валута, американскиот долар, го нагризува невидлива габа.

Оваа изјава беше објавена во Службениот весник на белорускиот парламент – Национален весник.

Весникот предупредува граѓаните да не ги чуваат своите заштеди во долари, бидејќи може да се јави проблем доколку сакаат да ги разменат оштетените банкноти во менувачниците.

Во истиот весник се вели дека при печатењето на локална валута – рубљата – популарно позната како “зајаче” и на еврото, се користи друга технологија и не постои ризик парите да добијат “габична инфекција”.

Народната банка на Белорусија строго го контролира курсот на домашната валута, која последниот пат девалвирала остро во однос на доларот за повеќе од 50 отсто пред две години, достигнувајќи го нивото на меѓубанкарскиот пазар речиси девет илјади за “зелена” валута.

Белорусија потоа беше принудена да го стабилизира домашниот девизен пазар и целиот финансиски систем, да побара заем од ММФ во вредност од три милијарди долари, а потоа да земе и голем заем од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП