2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку долго траат гумите и како да им се продолжи животниот век

Колку долго траат гумите и како да им се продолжи животниот век

thumb

Дали е гумата расиплива стока? Дали нејзините карактеристики исчезнуваат доколку остане на рафтот во продавниците?Колку е важна староста на гумите при купување?Кога треба продавачите да ги повлечат гумите од продажба?

Како прво, гумите не се расиплива стока, но е многу важно во какви услови се чува.Продавниците за гуми треба да одржуваат одредена температура и да пазат гумите да не бидат изложени на сонце подолго време.Затоа не се препорачува купување на гуми кои стоеле на излог неколку месеци.

Гумите немаат рок на траење.Никаде нема да најдете ,,употребливо до”.При купување на гуми задолжително да прашате година на производство.Тоа можете да го видите и сами на бочната страна од гумата. ДОТ ознаката претставува датум на производство на гумите.

Нигде не пишува,ниту пак производителот ќе ви каже колку треба да бидат стари гумите.Меѓутоа, често се наведува гумата да не биде постара од шест години.Стручните мислења се разликуваат од земја во земја.

Производителите велат дека гумите што се симнати од фабричката трака треба да отстојат најмалку шест месеци за да се завршат во неа хемиските процеси.Во составот на гумите се наоѓаат голем број на антиоксиданти кои го спречуваат распаѓањето на гумите во текот на 12 години.

На крај, имајте на ум дека гумата почнува да старее откако ќе ја монтирате на тркалото од возилото. После тоа од вас зависи колку ќе трае таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП