28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНемирите го доведоа Хонг Конг до рецесија

Немирите го доведоа Хонг Конг до рецесија

Хонг Конг ја намали својата проценка за економскиот раст за оваа година поради политичките немири кои го зафатија градот, објави Bloomberg.

Владата на Хонг Конг сега предвидува прв годишен пад на БДП уште од светската финансиска криза пред десет години.

БДП-то на Хонг Конг ќе биде помал во 2019 година за 1,3 проценти во однос на претходната година, соопшти денеска владата кога ги објави конечните проценки за производството во третиот квартал.

За три месеци заклучно со септември, БДП-то на Хонг Конг падна за 3,2 проценти во однос на минатата година, соопшти владата.

Мрачните економски изгледи се во согласност со она што може да се види на улиците во Хонг Конг, каде трговските центри, рестораните и продавниците се затворени или работат скратено во многу области, поради непредвидливите и честопати насилнички антивладини протести, пишува њујоршката агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП