Обединетите Арапски Емирати и Египет планираат заедничко вложување од 20 милијарди долари во економски и социјални проекти, како дел од билатералниот проект.
Престолонаследникот на Абу Даби, шеик Мохамед бин Зајед ал-Нахјан тоа го објави на Твитер за време на дводневната посета на египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси на Емиратите, пренесува Reuters.
„Компанијата Abu Dhabi Developmental Holding и египетскиот државен инвестциски фонд ќе ги користат споменатите средства за создавање на заеднички стратешки инвестициски проекти и специјализирани фондови во бројни сектори“, изјави портпаролот на египетскиот претседател, Басам Ради.
Меѓутоа, тој не кажа колку точно ќе биде допринесот на секоја земја индивидуално. Од проектот, како што е соопштено, двете земји би имале корист, но не беа дадени дополнителни детали.