4 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАД Европа Скопје со намалени приходи и добивка за периодот јануари-септември 2019...

АД Европа Скопје со намалени приходи и добивка за периодот јануари-септември 2019 година

Во периодот 01.01-30.09.2019 година АД Европа Скопје оствари вкупни бруто приходи на износ од 530.865.812 денари и се намалени за 6,8% во однос на  бруто приходите од 2018 година за истиот период.

Вкупните оперативни приходи за 01.01-30.09.2019 година се намалени за 6% во однос на истите во 2018 година. Останатите приходи се намалени за 51%, а финансиските приходи  се намалени за  63 % во однос на 2018 година.

Вкупните расходите се зголемени за 6,4% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01-30.09.2019 година се зголемени за 6,5%, а финансиските расходи пак се намалени за 18,8% во однос на 2018 година

АД Европа-Скопје за периодот 01.01-30.09.2019 година оствари добивка во износ од 35.154.801 денари и е помала во однос на претходната година за 63,7%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП