27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобарувачката за нафта ќе продолжи да расте уште најмалку 20 години

Побарувачката за нафта ќе продолжи да расте уште најмалку 20 години

Агенцијата во годишната прогноза наведува дека е неопходно владите да покажат иницијатива како би ги намалиле емисиите на штетни гасови, бидејќи предвидуваат дека гасовите кои штетат на климата ќе бидат во пораст најмалку до 2040 година.

Во извештајот се вели дека зголемената побарувачка за SUV автомобили може да ги загрози еколошките придобивки од електричните автомобили.

Тековните инвестиции во обновлива енергија се „недоволни“ за да се задоволат потребите на поголем број луѓе, особено во градовите во Азија и Африка, пренесе AP.

IEA предвидува дека во 2040 година на светот ќе му бидат потребни 106,4 милиони барели нафта на ден. Минатата година побарувачката изнесуваше 96,9 милиони барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП