19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗнаете ли зошто ви се случува некој мирис да мириса поинаку од...

Знаете ли зошто ви се случува некој мирис да мириса поинаку од првиот пат кога сте го почувствувале?

Во носот во просек има околу 400 рецептори, и тие од една до друга личност се разликуваат за скоро 30 проценти, тврдат научниците од американскиот центар  за хемиски мириси Monell во Филаделфија. Истиот мирис поинаку мириса на различни луѓе, а за се се „виновни“ рецепторите.

И најмала промена во рецепторот значително го менува начинот на кој луѓето ги перцепираат мирисите, па така на некои одреден парфем може да им мириса на сандалово дрво или ванила, а на други како на чад или урина. Причината за благ и силен мирис лежи во 140 различни рецептори, потврдија научници кои во лабораторија клонирале 511 рецептори и ја проучувале нивната реакција на 73 различни мириси.

„Резултатите од истражувањето би можеле да им помогнат на научниците во создавањето мириси. Крајната цел е да откриете како рецепторите ги декодираат молекулите на мирис и манипулираат со нив за да го добиеме саканиот парфем“, истакна водачот на истражувањето, д-р. Џоел Мејнленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП