25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин се залага за поблиска соработка на BRICS во ИТ секторот

Путин се залага за поблиска соработка на BRICS во ИТ секторот

Рускиот претседател Владимир Путин им порача на лидерите на групата BRICS да поддржат поголема соработка во областа на информациите и ИТ индустријата.

Говорејќи на самитот на групата BRICS (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) во Бразил, тој изјави дека Русија предлага создавање мрежа за размена на податоци за да им помогне на малите и средните претпријатија поефикасно да најдат снабдувачи, пренесува AP.

На собирот лидерите на петте држави ја истакнаа и потребата за поголема интеграција за зајакнување на економскиот раст на тие земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП