29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреговори за повторно отварање на индустриската зона Каесонг

Преговори за повторно отварање на индустриската зона Каесонг

North Korea bans South Korean Entering Kaesong Joint Industrial Zone

Претставници на Јужна и Северна Кореја денеска одржаа преговори посветени на повторно отворање на индустирската зона Каесонг, што се наоѓа на границата меѓу двете земји, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување.

Зоната беше затворена во април годинава кога властите во Пјонгјанг им забранија на севернокорејските работници да одат на работа во фабриките на јужнокорејските компании во Каесонг, по што тие беа принудени да ги затворат погоните.

Северна Кореја се реши на ваквиот чекор во знак на протест поради одржувањето на заедничките американско-јужнокорејски воени вежби.

Фабриките во Каесонг, каде беа ангажирани околу 53.000 севернокорејски работници, остваруваа годишен приход од околу две милијарди долари. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП