Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 618.00 0%    ALK 12,350.12 -0.45%    FERS 61,000.00 1.67%    GRNT 962.84 -0.02%    INPR 1,500.00 0%    KMB 6,218.50 -0.84%    SBT 2,551.00 -1.92%    TETE 1,582.00 1.02%    TKVS 4,400.00 0%    

Вонредна состојба во Венеција(видео)

Време: 10:21

Датум: ноември 14, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција, со цел што побрзо да се мобилизираат средства за да се избегне, на долг рок, исчезнување на еден од најубавите градови во светот.

Непосредно пред полноќ, нивото на морето запрело на 77 сантиметри, далеку од вчерашните 1,87 метри, што не било видено 53 години.

„Катастрофата што ја погоди Венеција е удар во срцето на нашата земја. Тешко е да се гледа градот во таква состојба, неговото уметничко наследство е во ризик, а комерцијалните активности се на колена“, рече премиерот Џузепе Конте, кој дојде во градот.

Владата ќе се состане во Рим денеска попладне за да прогласи вонредна состојба во Венеција, постапка што ѝ дава на владата посебни овластувања и ресурси да дејствува што е можно поскоро.

Порастот на нивото на морето во комбинација со силните ветрови и дождови вчера го поплавија скоро целиот град. Според изјавата на гувернерот на регионот, Лука Заја, поплавени се 80 проценти од градот.

Италијанските медиуми јавија дека седумдесетгодишен маж загинал од електричен удар.

Поради поплавите во градот нема електрична енегија, а водата навлезе во базиликата на плоштадот Свети Марко, во продавниците, рестораните, хотелите…

Стотици туристи до нивните хотели морале да стигнат преку вода која на некои места била и над нивните колена.

Градот, со население од 50.000, секоја година го посетуваат околу 36 милиони туристи, од кои 90% се странци.

„Иднината на Венеција е во прашање. Повеќе не може да се живее вака. Потребна е безбедност за да се живее тука. Нашиот меѓународен кредибилитет, исто така, е во прашање“, рече градоначалникот Луиџи Бруњаро.

Градоначалникот смета дека е приоритет да се заврши мегапроектот за браната МИСЕ (експериментален електромеханички модул) што е можно поскоро за да се заштити целиот венецијански басен, а Конте смета дека проектот би можел да биде комплетиран до пролетта 2021 година.

Премиерот, исто така, вети дека владата ќе ја надомести штетата, која, како што рече, во овој момент не може да се пресмета.

Министерот за животна средина смета дека причините за катастрофата се јасни: „Ова е директна последица на климатските промени и ‘тропикализација’ на метеоролошките појави со поројни дождови и силен ветер“.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Нови 88 случаи на коронавирус во Македонија, починаа шест лица

    Нови 88 случаи на коронавирус во Македонија, починаа шест лица

    Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од…

  • СТО очекува пад од 13% во глобалната трговија во 2020-та

    СТО очекува пад од 13% во глобалната трговија во 2020-та

    Светската трговска организација (СТО) очекува глобалната трговија оваа година да се намали за 13%, како резултат на потресите предизвикани од коронакризата. Тековната прогноза е значително…

  • Финансиски совети од Институтот за ревизија на РМ

    Финансиски совети од Институтот за ревизија на РМ

    Покрај грижата за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, периодов е навистина тешко да се фокусирате на финансиското планирање, организирањето на средствата и стабилноста…

  • Отворено 60. јубилејно издание на „Охридско лето“

    Отворено 60. јубилејно издание на „Охридско лето“

    Со концерт насловен „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“, посветен на нашата оперска примадона Ана Липша Тофовиќ, во изведба на солистите Марија Јелиќ…

  • Нов рекорд: Сигурно „пристаниште“ во несигурни времиња

    Нов рекорд: Сигурно „пристаниште“ во несигурни времиња

    Вредноста на златото продолжува со целосна сила, добивајќи сè поголем интензитет. Во средата, цената на скапоцениот метал го надмина прагот од 2.000 долари за унца,…

  • СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

    СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

    Според најновите проценки на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти.Ова го прави коронавирусот шест пати посмртоносен од сезонскиот грип.…

  • Граѓаните месецов ќе добијат поврат на ДДВ од 5,4 милиони евра за второто тримесечје

    Граѓаните месецов ќе добијат поврат на ДДВ од 5,4 милиони евра за второто тримесечје

    Граѓаните кои скенираат фискални сметки од почетокот на месецот ќе ги добијат средствата од повратот за второто тримесечје од годинава. Според податоците од Управата за…

  • Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

    Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

    Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60 години, покажува најновиот извештај на…

  • ЦГК: Во 2019 година, во директни преговори и без објавување оглас, склучени 368 договори, во вкупна вредност од 40 милиони евра

    ЦГК: Во 2019 година, во директни преговори и без објавување оглас, склучени 368 договори, во вкупна вредност од 40 милиони евра

    Денес, 5 август 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и…

  • Над 2.000 тони амониум нитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

    Над 2.000 тони амониум нитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

    Над 2.750 тони амониум нитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика страотна експлозија во која загинаа над…