29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорот меѓу САД и Кина би го растерал "облакот" над пазарот на...

Договорот меѓу САД и Кина би го растерал “облакот” над пазарот на нафта

Генералниот секретар на Организацијата на земји извознички на нафта (OPEK) Мохамед Баркиндо изрази уверување дека Соединетите држави и Кина ќе постигнат трговски договор.

Баркиндо тврди дека тој договор ќе го растера „мрачниот облак“ над пазарот на нафта.

Баркиндо, на еден настан во нафтената индустрија во Абу Даби, изјави дека е премногу рано да се зборува за декемвриската одлука на OPEK+ (група која ги здружува членовите на OPEK плус Русија и другите производители на „црно злато“), како и дека е прерано да се зборува дали ќе биде неопходно натамошно намалување на производството, пренесува Reuters.

„Членките на OPEK и нејзините партнери кои не се дел од OPEK мора да продолжат да работат заедно за надминување на неизвесностите, и на тоа се посветени“, изјави Баркиндо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП