Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,303.85 0.13%    GRNT 1,048.61 -0.61%    KMB 6,299.69 1.14%    KVAS 17,000.00 20.57%    MPT 76,676.92 0.6%    MTUR 5,400.00 0.03%    OKTA 4,600.00 -0.01%    RZIN 90.00 0%    RZTK 660.00 0%    SOLN 293.00 -2.98%    STB 1,165.00 0.42%    TEL 315.00 1.43%    TETE 2,300.00 0%    TNB 16,600.00 0%    UNI 2,361.91 2.69%    VITA 12,365.00 3.29%    

Американскиот советник за климатски промени Џонатан Бенкс: Воведете стандарди за печките во домаќинствата, а во зградите парно

Време: 11:21

Датум: ноември 13, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

“Немате стандарди за печките на дрва, на јаглен, на нафта, на мазут, на пелети, а токму нивното воспоставување е можеби наједноставниот чекор од низата што треба да се преземат за намалување на аерозагадувањето”.

Вака, кратко, јасно и недвосмислено, на една неформална средба, одговори американскиот советник за климатски промени Џонатан Бенкс, на новинарско прашање кој би бил неговиот конкретен совет во врска со енормното загадување на воздухот во земјава.

Средбата со Бенкс ја организираше невладината „Еко свест“, но интересот на медиумите за разговор со него беше евидентно мал.

Експертот кој од неодамна е во Скопје, побрза да разговара со новинарите иако тукушто доаѓаше од состанок со заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Претходно, информира, имал средба и со претставници на некои од граѓанските здруженија.

-Клучно е земјата да има визија, да знае каде оди, што сака. Во таа смисла, може да се зборува за брзи, краткорочни и за покомплексни, долгорочни мерки. Една од поедноставните мерки која не бара многу време и пари, е секако воведувањето стандарди за инсталациите за согорување цврсти горива во домаќинствата кои вие засега ги немате. Градите згради, имате цевки за централно греење, но тие не се поврзани, нагласи Бенкс.

Во долгорочните мерки против загадувањето генерално, Бенкс го посочи образованието. Според него, клучна е едукацијата и тоа уште од најрана вораст.

-Кога децата ќе учат и ќе знаат од мали што е рециклирање, тогаш така и ќе размислуваат кога ќе пораснат. Дури и ќе ги опоменуваат своите родители ако се однесуваат несоодветно. Во светот се разработени голем број еко-курикулуми па не мора да измислувате топла вода. Доволно е да ги пресликате искуствата, рече американскиот експерт.

Дополни и дека (аеро)загадувањето е многу сериозен проблем особено ако се земе предвид дека е поврзано со глобалното затоплување, климатските промени, економскиот развој.

-Не знам дали некој од вас новинарите некогаш го разработил загадувањето од тој аспект, дали проанализирал дека, на пример, некои компании не отвораат свои претставништва, ниту праќаат луѓе во земји што се загадени, истакна експертот.

Дополни и дека можеби еден од подобрите приоди за разобличување на оваа тема од страна на медиумите, би бил креирањето лични приказни – на луѓе што живеат непосредно до изворот на загадување и кои директно ги чувствуваат последиците.

Во текот на разговорот укажа дека е неопходна заедничка „борба“, и на активистите (граѓаните) и на институциите. Очигледна е, оцени, разликата во делувањето на активистите. На една страна се граѓанските иницијативи за „елиминирање“ на одредени индустрии, а на друга граѓанските организации кои не се против индустриите, но од нив бараат максимално имплементирање и почитување на еко-стандардите. Тоа, потенцира, мора да се доведе во спрега.

Осврнувајќи се на искуствата во САД, рече дека и таму постои разликата во свесноста за (аеро)загадувањето, дека една од опциите кои даваат резултати е работа и со свештените лица (зашто имаат влијание врз граѓаните), како и дека постои можност, ако активистите или воопшто населението не е задоволно од работата на институциите, може правно да реагира и на тој начин да изврши вид притисок за надлежните да си ја вршат задачата.

Мирјана Чакарова

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Свети Климент Охридски Чудотворец

    Свети Климент Охридски Чудотворец

    Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Македонија,…

  • БДП порасна 3,6 проценти во третиот квартал

    БДП порасна 3,6 проценти во третиот квартал

    Растот на БДП во третиот квартал од 3,6 проценти, колку што пресмета Државниот завод за статистика, за премиерот Зоран Заев е под неговите очекувања. Тој…

  • Променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне

    Променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне. Во текот на денот облачноста ќе се намалува, информира Управата за хидрометеоролошки…

  • Светна новогодишната елка во Скопје

    Светна новогодишната елка во Скопје

    Со вeчерашното светнување на елката на плоштадот „Македонија“ и отворањето на новогодишниот базар „Винтерленд“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје. На почетокот…

  • Со закон се уредува управувањето на електрични тротинети, се укинуваат негативните поени за возачите

    Со закон се уредува управувањето на електрични тротинети, се укинуваат негативните поени за возачите

    Комисијата за одбрана и безбедност денеска за понатамошно читање предложи измени и дополнувања на 14 закони, кои генерално како што појасни министерот за внатрешни работи…

  • Работилница во Народната банка: Ќе се подготвува Национална стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот

    Работилница во Народната банка: Ќе се подготвува Национална стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот

    На иницијатива на Народната банка ќе се подготвува Национална стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот кај нас. Заради нејзино успешно спроведување ќе се преземат…

  • Охрабрувачки податоци – раст на економијата и пад на невработеноста

    Охрабрувачки податоци – раст на економијата и пад на невработеноста

    Државната статистика излезе со охрабрувачки податоци – во третиот квартал од годинава економијата пораснала за 3.6%, а невработеноста се намалила на 17.1%. Економијата пораснала за…

  • Започна саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол

    Започна саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол

    Денеска започна саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол, каде граѓаните ќе можат да се информираат целосно за проектот на едно место –…

  • УЈП почна со исплата на парични средства по основ на МојДДВ

    УЈП почна со исплата на парични средства по основ на МојДДВ

    Управата за јавни приходи (УЈП) започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Повратот од 15…

  • До крајот на годината вработените треба да добијат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15

    До крајот на годината вработените треба да добијат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15

    На сметките треба да легнат по најмалку 9.610 денари К-15 се пресметува врз основа на просечната нето или бруто плата во изминатите три месеци (40%…